ПОВЕЌЕ

    Уни банка оствари добивка од 3.9 милиони евра

    Време зa читање: 4 минути

    УНИБанка заклучно со третиот квартал од 2020 година делуваше во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани во усвоениот ревидиран бизнис план за 2020 година. Клучна цел беше остварување на профит и раст согласно бизнис целите преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, во услови на стабилизирање на политичкиот амбиент и стабилизирање на очекувањата на економските субјекти.

    1. Сметководствени политики и методи на вреднување

    Во текот на 2020 година, Банката нема промени во сметководствените политики и методите на вреднување.

    1. Остварени приходи

    Остварените вкупни приходи од работење заклучно со третиот квартал од  2020 година изнесуваат 1166,2 милиони денари  и во однос на минатата година бележат пораст од  3.4%.

    Најголем придонес во остварувањето на  позитивен финансиски резултат во износ од 238 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

    Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 72.2% имаат приходи од камати, кои во споредба со истиот период  од 2019 година се зголемени за 6.9%, како резултат на порастот на кредитното портфолио кое во однос на 31.12.2019 се зголеми за 3.3% и достигна ниво од 16,9 милијарди денари. Анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население  и соодветно е остварен годишен пораст од 6,9 проценти на приходите од камати на население.

    1. Остварени расходи

    Остварените расходи заклучно со третиот квартал  од 2020 година изнесуваат 928,1 милиони денари и бележат намалување од 3.9% во однос на истиот период од 2019 година. Придонес во намалувањето на расходите на банката имаат расходите од камати, административните расходи како и помалиот износ на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.

    1. Исплатени дивиденди

    Во текот на 2020 година, банката нема исплатено дивиденди.

    1. Вложувања или продажба на материјални средства

    Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања се зголемени во однос на Декември 2019 како резултат на превземање на имот.

    1. Обврски по кредити

    Обврските по кредити во 2020 година се намалени за 2.6% во однос на  31.12.2019 година.

    1. Исполнување на планот и очекувања за претстојниот период

    Податоците за остварување на билансните цели на банката се на нивото на  ревидираните очекувања  за 2020 година. Банката заклучно со третиот квартал од 2020 година бележи пораст од 5.1%  на кредитирањето на секторот население во однос на Декември 2019.

    Анализата на структурата на пасивата на билансот на состојба за 2020 година и нејзината споредба со планираната укажуваат на 99% исполнување на таргетираните извори на финансирање од секторот население, кои се  зголемени за 4.9% во однос на 31.12.2019 година. Прибраните средства од финансискиот сектор иако бележат зголемување од  5.6% сепак се под таргетираното ново за третиот квартал од 2020.

    Светската пандемија педизвикана од COVID 19 има силни економски последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз македонската економија.

    Народна банка и Владата на РСМ донесоа повеќе мерки во насока на ублажување на последиците од пандемијата врз финансискиот систем во државата. Согласно новонастанатата ситуација со COVID-19, НБРСМ донесе Одлука за изменување и дополнување на одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик со цел олабавување на условите при преземање и мерење на кредитниот ризик, во времетраење на вонредната состојба, предизвикана од COVID-19.

    Банката ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со корисни информации во процесот на донесување на соодветни деловни одлуки.

    Својата активност во 2020 година, Банката ја остварува во значително изменети макроекономски услови во однос на првичните проекциите на раст на домашната економија предвидени со финансискиот план за 2020 година.

    Следствено на тоа, Банката ги презема сите неопходни мерки и активности за прилагодување на своето работење на новонастанатите состојби. Во таа насока Банката направи ревизија на првичните проекции и изготви нов ревидиран план за 2020 година, со цел усогласување на растот на кредитното и депозитното портфолио, а аналогно на тоа и на приходите и расходите од камати согласно новонастанатата ситуација предизвикана од COVID 19, водејќи сметка при тоа за одржување на квалитетот на кредитното портфолио и изнаоѓање на флексибилни решенија согласно потребите и барањата на клиентите кои се најзасегнати со последиците од здравствената и економската криза.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично