Милијардерот Бил Гејтс на оригинален начин му го честиташе 90. роденден на Ворен Бафет, кој важи за еден од неговите блиски пријатели.
Гејтс зборува за заедничките интереси – љубовта кон математиката и броевите – и ги поврза со нивното пријателство.
Гејтс пресметал дека првпат се сретнал со Бафет точно пред 10.649 дена, односно на 5 јули 1991 година.
- 30: Број на години кои Ворен ги помина во спиењето во текот на животот
- 10.649: Денови од кога се сретнавме за прв пат, на 5 јули 1991 година
- 2: Телефонски броеви што ги имам со брзо бирање во мојата канцеларија – Мелинда и Ворен
Непресметливо: Влијанието што Ворен го има врз светот со тоа што се обврза да го врати буквално целото свое богатство на општеството.
„Ворен Бафет денес има 90 години. Тешко е да се поверува дека мојот близок пријател влегува во десеттата деценија“, рече Гејтс
Најважното нешто што Гејтс научил од Бафет е вредноста на пријателството, а тој укажа на еден цитат кој Бафет еднаш им кажал на студенти на колеџ.
„Се движите во насока на луѓето со кои се дружите. Затоа, важно е да се дружите со луѓе кои се подобри од Вас. Пријателите што ги имате ќе ве формираат додека минувате низ животот“, рече Бафет. „ Имајте неколку добри пријатели, чувајте ги до крајот на животот, но нека бидат луѓе на кои им се восхитувате.“