ПОВЕЌЕ

    Истече рокот за купување со домашна платежна картичка

    Време зa читање: 2 минути

    Истече рокот за купување со домашна платежна картичка. Веќе од денес граѓаните со нив нема да можат да пазарат. Неискористените средства ќе бидат вратени во државната каса.

    Можност за платежна картички имаа околу 324 илјади корисници и тоа од четири категории, социјално загрозени, вработени со ниски примања, млади лица и здравствени работници ангажирани за справување со пандемијата.

    Банките испратиле последна информација до Министерството за финансии заклучно со претходната недела на која може да се види дека сите отпечатени картички не стигнале до граѓаните кои ги добија. Па, така од вкупно отпечатени 333.674 картички, заклучно со 7-ми овој месец, 23.576 граѓани не ја подигнале платежната картичка.

    Министерство за финансии

    ВКУПНО ОТПЕЧАТЕНИ                           333.674 картички

    ВКУПНО ПОДИГНАТИ                             310.121 картички

    ПОТРОШЕНИ ПАРИ                                   27 милиони евра

    Најголем број од картиките биле за невработени лиц , 116.268, а најмалку за медицински персонал, нешто над 4000.

    Најчесто се користеле за пазарење во маркетите, помалку во рестораните и за купување  облека и обувки.

    Претходно за платежните картички беа пристигнати и над 30 илјади жалби од граѓани кои сметале дека неправилно не добиле картичка. Но само 10 отсто од нив беа прифатени.

    Платежната картичка беше дел од третиот сет на економски мерки за борба против пандемијата, но наиде на рекации во јавноста и економските експерти како темпирана мерка во време кога во земјава се одржуваа изборите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично