ПОВЕЌЕ

    Ангеловска: Започна повратот на ДДВ кон граѓаните и ќе продолжи и следните денови

    Време зa читање: 2 минути

    Исплатата на повратот на ДДВ од скенираните сметки започна минатата недела и ќе се извршува непречено во претстојните денови, сѐ додека не се исплатат сите граѓани кои оствариле право на поврат во првото тримесечје, во износ од околу 3 милиони евра, рече на прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.

    Како што посочи Ангеловска, денеска се исплатени сите налози што пристигнале од УЈП за поврат на ДДВ и дека на сметките на 16.600 граѓани ќе легнат околу 21 милион денари.

    – Апелирам до сите граѓани да ги проверат трансакциските сметки што ги внеле за поврат на ДДВ, бидејќи и претстојните денови ќе продолжи повратот на ДДВ. Над 180.000 граѓани секој месец во просек скенираат фискални сметки и за овие 5 месеци скенирани се над 40 милиони фискални сметки, односно околу 8 милиони сметки месечно – рече Ангеловска.

    Таа посочи дека просечната старост на лицата што скенираат фискални сметки е 42 – 44 години. Најмногу скенираат сметки во скопските општини Аеродром, Кисела Вода, Центар и Карпош, како и во Битола и во Штип.

    Ангеловска најави и дека од 15 декември започнува МојДДВ #МојаНаграда и дека ова ќе биде уште еден мотив плус граѓаните да ги скенираат фискалните сметки и со тоа да придонесат во борбата против сивата економија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично