ПОВЕЌЕ

    Peugeot и Opel добија друштво – кинескиот CHANGAN пристигна во Македонија

    Време зa читање: 3 минути

    Македонскиот автомобилски пазар добива нов глобален бренд. Кинескиот производител CHANGAN, еден од најголемите автомобилски производители во Кина, официјално пристигнува во Македонија преку компанијата Еуроимпекс, која веќе ги застапува Peugeot и Opel. Со ова, компанијата го проширува своето портфолио со трет глобален автомобилски бренд, а домашните купувачи добиваат нов избор на возила со современи технологии, напредни безбедносни системи и електрифицирани погонски решенија.

    Влезот на CHANGAN на македонскиот пазар е дел од глобалното ширење на кинескиот производител, кој е присутен во повеќе од 100 земји и региони. Брендот се позиционира во сегментот на интелигентната и одржлива мобилност, со фокус на електрификацијата, дигиталните технологии и развојот на современи автомобили.

    Во првата фаза, на домашниот пазар ќе бидат претставени модели кои веќе се нудат на европските пазари. Покрај продажбата на возила, Еуроимпекс најавува и целосна постпродажна поддршка, вклучително и овластен сервис.

    „Со особена чест и гордост воведуваме нов бренд во нашето портфолио. Кинескиот автомобилски гигант, CHANGAN. Овој бренд претставува совршен спој на иновација, технологија и квалитет, а нашата цел е на клиентите да им понудиме автомобили кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди. Убедени сме дека CHANGAN ќе биде освежување на домашниот автомобилски пазар и ќе постави нов праг на очекувања кај потрошувачите“, изјави Зоран Серафимовски, извршен директор на Еуроимпекс.

    CHANGAN има повеќедецениско искуство во автомобилската индустрија и припаѓа меѓу четирите најголеми автомобилски производители во Кина, според информациите од компанијата. Располага со меѓународна мрежа на истражувачко-развојни центри во Кина, Италија, Германија, Велика Британија, Јапонија и САД, каде што се развиваат нови технологии и решенија за автомобилската индустрија.

    Значителен дел од развојната стратегија на производителот е насочен кон електрификацијата и паметните технологии, кои добиваат сè поголемо значење на глобалниот автомобилски пазар.

    Од Еуроимпекс посочуваат дека со новиот бренд сакаат да понудат повеќе од продажба на автомобили, односно целосна услуга за купувачите.

    „Во првата фаза, клиентите ќе имаат можност да се запознаат со моделите кои веќе успешно се претставуваат на европските пазари, нудејќи напредни системи за безбедност, современи дигитални технологии, електрифицирани погонски решенија и врвно ниво на комфор. Со официјалното пристигнување на CHANGAN, купувачите во Македонија добиваат не само нов автомобилски бренд, туку и целосно корисничко искуство кое вклучува професионална продажба, овластен сервис и постпродажна поддршка, согласно највисоките стандарди на производителот“, изјави Ивана Мначева Михајловска, заменик извршен и маркетинг директор во Еуроимпекс.

    За Еуроимпекс, кој има 35-годишно искуство во увозот, продажбата и сервисирањето возила, воведувањето на CHANGAN претставува дополнително проширување на деловните активности. Компанијата досега е препознатлива по застапувањето на Peugeot и Opel, а со новиот бренд ја збогатува понудата на македонскиот автомобилски пазар.

    Официјалното пристигнување на CHANGAN носи уште еден кинески производител на домашниот пазар, во период кога електрифицираните возила и новите автомобилски технологии заземаат сè позначајно место во понудата на производителите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично