ПОВЕЌЕ

    Инстант плаќањата и економскиот раст во фокусот на средбите на Славески со ММФ и Светската банка

    Време зa читање: 2 минути

    Воспоставувањето национален систем за инстант плаќања, дигитализацијата на платежните услуги и можностите за забрзување на економскиот раст ќе бидат меѓу главните теми на разговорите што македонската делегација ќе ги води на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ) во Бангкок, Тајланд. Делегацијата ја предводат гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

    Посебно внимание ќе биде посветено на проектот за воспоставување национален систем за инстант плаќања, заснован на моделот ТИПС (TIPS) на Евросистемот. За ова, како и за унапредувањето на електронските плаќања, воведувањето национален стандард за QR-код, усогласувањето со европската регулатива и зајакнувањето на сајбер-безбедноста, гувернерот ќе разговара со високи претставници на Светската банка.

    Славески ќе има и обраќање на настанот посветен на Регионалниот економски преглед за Европа, каде што ќе зборува за предизвиците и можностите за побрз економски раст, поголема продуктивност и економско приближување на земјите од регионот кон Европската Унија.

    Во рамките на средбите се предвидени разговори со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот за Европа, Матеуш Шчурек, како и со други високи претставници на Фондот. Во фокусот ќе биде натамошното унапредување на соработката во областите на монетарната политика, статистиката и финансиските пазари.

    На средбите со Светската банка ќе учествуваат и потпретседателката Антонела Басани и извршниот директор Јуџин Ругенаат. Во делегацијата на Народната банка се и вицегувернерката Ана Митреска и советничката на гувернерот Весна Стојчевска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично