ПОВЕЌЕ

    Девизните резерви над 5 милијарди евра во септември

    Време зa читање: 2 минути

    На крајот на септември официјалните девизни резерви се во износ од 5.024 милиони евра. Во споредба со август и тогашните 5,1 милијарда евра, нивото на резервите е пониско за 77 милиони евра.

    Според најновите месечни податоци што ги објавува Народната банка, во хартии од вредност е пласиран најголемиот дел од девизните резерви – 68,4 отсто. Во монетарно злато се вложени 16,3 отсто, а во валути и депозити 15,3 отсто од резервите.

    Девизните резерви ги контролира монетарната власт, управува и располага со нив. Нивната примарна функција е да ја заштитат економијата од надворешни шокови, да обезбедат редовно сервисирање на надворешниот јавен долг и да овозможат интервенции на девизниот пазар. Исто така, нивото на девизните резерви има улога во позиционирањето на државата на меѓународниот пазар, како и со нејзиниот капацитет да одговори на надворешни шокови.

    (Илустрација генерирана од вештачка интелигенција)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично