На бензинските станици, од полноќ, ќе се продаваат горива со цени пониски, во просек, за 1,85 отсто. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), малопродажната цени на бензините се намалува за 1,50, а на дизелот за 3 денари.
Исто така, за 3 денари ќе биде поевтино и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), а цената на Мазутот М-1 НС ќе се намали за 0,285 денари за килограм.
Оттаму, неделава, а почнувајќи ноќеска по полноќ, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Од РКЕ информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 2,885 %, кај дизелот за 4,770 %, кај екстра лесното масло за 4,384 % и кај мазутот намалувањето е за 1,807 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9101 %.
Исто така, се наведува дека во пресметката е вградена и владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дизелот од 10 % и е применет намалениот износ на акцизата од 4 денари за литар кај бензините.
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати, а трговците и на големо и на мало, можат да формираат пониски цени.
Аналитика








