ПОВЕЌЕ

    Становите во Скопје за пет години поскапеле за 101% – во третиот квартал раст од 1,3%

    Време зa читање: 2 минути

    Цените на становите во Скопје се за 1,3 насто повисоки на квартално и за 10,3 насто на годишно ниво. Последните податоци од Народната банка за третото тримесечје од годинава потврдуваат дека огласените цени и натаму растат, но со нешто послаб интензитет.

    Годишниот раст е намален во споредба со претходниот квартал, кога изнесувал 13,4 насто, а забавувањето е уште поизразено во однос на третиот лански квартал и тогашната стапка од 25,1 насто. Слична е состојбата и кај кварталното поскапување: наспроти последните 1,3 насто, во вториот квартал растот бил 5,5 насто.

    Од Народната банка посоочуваат дека во третиот квартал од 2026 година индексот на цените на становите достигнал 212,72 поени, наспроти 210,08 во вториот квартал и 192,90 во истиот квартал лани.

    Сепак, од аспект на последниот петгодишен период, цените на огласените станови со скопска адреса – се удвоиле. Индексот на НБРСМ од 105,82 поени во третиот квартал од 2021 година се искачил на 212,72 поени во истиот годинешен квартал. Или, забележан е процентуален раст од 101 насто.

    Од Народната банка појаснуваат дека индексот е изработен врз основа на огласените станови за продажба на територијата на Скопје.

    (Илустрација генерирана од вештачка интелигенција)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично