
Македонски програмери со години работат за големи светски компании. Може ли тоа искуство да се претвори во домашни производи што ќе се продаваат на меѓународниот пазар? Филип Петровски во „Каде се парите? со Горан Теменугов“ повикува знаењето стекнато преку аутсорсинг да се искористи за создавање сопствени решенија. Според него, новите технологии ја намалуваат потребата од огромни вложувања во развојот на софтвер. Во такви услови, клучно станува да се препознае вистински проблем и да се понуди добро решение. Дали македонските компании ќе ја искористат можноста да создаваат сопствени производи за светскиот пазар?
Целиот разговор гледајте го на „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Претплатете се на нашиот ЈуТјуб канал: https://youtube.com/playlist?list=PLqqetpN_zeRo0JZtlyIE9xGbXe6y1ZLc6&si=mFfhTzz5ZeuTfFuS
Филип Петровски: „Треба да го искористиме искуството коешто сме го стекнале работејќи за огромни брендови низ Европа и низ светот, преку компаниите коишто имале аутсорсинг и продавале часови, додека биле часовите на цена, сега да го искористиме тоа знаење да направиме домашен продукт којшто, дај Боже, во иднина ќе биде успешна македонска приказна некаде надвор во Америка, во Европа…
…Прво, самата технологија и брзината на развој и програмирање, промената на правилата на игра во развојот на софтверските решенија во моментов ни даваат и така голема можност да иновираме, затоа што не е потребно повеќе да имаме стотици милиони евра за да развиеме продукт. Можеме да го направиме истото и со многу помалку. Не се работи повеќе за развојот, се работи за идејата и разбирањето на процесите и идентификацијата на потенцијално решение на одреден проблем.“
Аналитика








