ПОВЕЌЕ

    Прилепски „11 Октомври“ напечати шестпати поголема добивка

    Време зa читање: 2 минути

    Печатницата „11 Октомври“ од Прилеп лани успешно работела и ја зголемила добивката за повеќе од шестпати. Приходите од работењето пораснале на 121,5 милиони денари, од 115,4 милиони денари една година претходно, додека заработката од 452.789 денари се искачила на 3.002.124 денари.

    Финансиските резултати на компаниијата покажуваат дека во текот на минатата година приливите од продажбата достигнале 116,7 милиони денари, наспроти 110,6 милиони денари во 2024 година. Паралелно со тоа, трошоците се зголемиле од 113,5 на 118,7 милиони денари.

    Печатницата е основана во 1948 година во Прилеп, а од скромните почетоци со десетина работници денес работи со современа опрема и нуди услуги од техничка подготовка и печатење до доработка и безбедносен печат. Има 26 вработени, двајца помалку од 2024 година.

    „11 Октомври“ работи и со безбедносен печат, покрај класичните графички услуги, а компанијата наведува дека извезува и во Србија и на Косово.

    Друштвото има издадено 32.000 акции, а последното регистрирано тргување на Македонска берзата е со датум од 14 ноември 2025 година. Просечната цена за акција е 677 денари.

    Оваа печатница е по поврзаноста со македонската валута. Таму беа изработени вредносните бонови кои служеа како времено платежно средство во процесот на монетарното осамостојување на државата. Од прилепската печатница потоа излезе и првата емисија на македонските книжни денари.

    (Фото: Печатница „11 Октомври“ / Фејсбук)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично