Предупредување до граѓаните: пред да уплатите пари за каква било инвестиција, проверете дали субјектот што ја нуди услугата навистина има дозвола за тоа!
Во јавноста се шири лажен документ наречен „Овластување за трговија – трговец поединец“, на кој неовластено се користат називот и логото на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), како и лажни потписи на претседателот и на внатрешниот комисионер.
Од КХВ предупредуваат дека институцијата не го издала овој документ, ниту, како што наведуваат, постои законски основ за исправа со ваков назив и содржина. Потписите наведени во документот, исто така, се невистинити.
Граѓаните се повикуваат на особена внимателност доколку преку социјални мрежи, електронска пошта, телефонски повици или други канали добијат понуди за инвестирање, барања за уплата на пари или за доставување лични податоци.
Од КХВ нагласуваат дека овластените учесници кои можат да даваат инвестициски услуги во земјава може да се проверат во официјалните регистри објавени на веб-страницата на Комисијата за хартии од вредност.
Аналитика








