ПОВЕЌЕ

    Без берзанско тргување сменета е сопственоста кај 1.885 обични акции

    Време зa читање: 2 минути

    Во два работни дена од минатата недела биле извршени шест нетрговски трансфери, со кои без берзанско тргување нов сопственик добиле вкупно 1.885 обични акции.

    На самиот почеток на седмицата, Централниот депозитар за хартии од вредност го регистрирал трансферот на 526 обични акции на Македонски Телеком. Пакетот вреди речиси 268,8 илјади денари, пресметано по просечна цена од 511 денари за акција.

    Останатите 1.359 акции биле трансферирани во средата. Најголем пакет бил оној на Либерти АД Скопје, со 654 обични акции. Просечната цена изнесува 6 денари за акција. Во последните 52 недели со акцијата се реализирани 11 берзански трансакции, а последната е од 4 август.

    Сопственик смениле и 451 акција на Макстил, со просечна цена од 115 денари. Последното тргување со акцијата на Македонска берза било на 18 август.

    Трансферот на АрцелорМиттал (ХРМ) опфатил 212 обични акции, со просечна цена од само 2 денари по акција. Друштвото е долгорочно суспендирано од котација.

    Во шесте трансфери влегуваат и 22 акции на Уготур АД Скопје и 20 акции на РЖ Интер-Трансшпед. За двете друштва нема евидентирано берзанско тргување во последните 52 недели.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично