ПОВЕЌЕ

    НОВА АКЦИОНЕРСКА ПОРАКА ОД ВРВОТ НА АЛКАЛОИД – менаџментот докупи уште 603 акции

    Време зa читање: 2 минути

    Нова порака за цврстите позиции на Алкалоид – генералниот директор и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов, заедно со уште три лица од најтесното раководство, стекнале дополнителни количини акции. Во последните реализирани купопродажби опфатени се 603 акции издадени од најуспешната домашна фармацевтска компанија.

    Известувањата за трансакциите се објавени преку Македонска берза.

    Во сопственост на Мукаетов се нови 277 акции. Во моментот поседува 131.777 обични акции. Во акционерската структура е застапен со 9,21 отсто од вкупниот број акции издадени од Алкалоид.

    Директорот на Финансии и член на Управниот одбор, Виктор Стојчевски, купил 126 акции и има удел од 0,73 отсто.

    Двајца членови на највисокото раководно тело купиле по 100 акции. Според објавените податоци, директорот на Службата за општи работи и логистика, Ќире Ицев, поседува 0,70 отсто од акциите. А, во сопственост на директорот за акционерство и имотни прашања, Ѓорѓи Јованов, се 0,44 отсто од акционерскиот капитал.

    На Македонска берза и претходно годинава имаше известувања за вложувањата на менаџментот во акции на Алкалод. Во април како купувачи на 550 акции беа посочени Мукаетов и двајца директори, а во март сите петмина членови на УО инвестираа во вкупно 950 акции.

    Мукаетов и двајца членови на Управниот одбор купија 550 акции на Алкалоид

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично