Објектите за домување и оградите преовладуваат меѓу 911-те бесправно изградени објекти во текот на минатата година. Најголем дел од нив – 96,1 отсто, се во приватна сопственост.
На диво, без документи и одобренија, според податоците од Државниот завод за статистика, изградени се 169 објекти за домување, со зафаќање од 18,6 отсто во вкупниот број. Во оваа група има 128 исклучиво станбени објекти, 24 станбено-деловни и 17 куќи за одмор и рекреација.
Речиси ист удел имаат и оградите. Бесправно се изградени 164 и сочинуваат 18 отсто од вкупно регистрираните дивоградби.
Следуваат деловните објекти, каде што се евидентирани 116 дивоградби или 12,7 отсто, како и 113 натстрешници (12,4 %) и 110 доградби, надградби и адаптации (12,1 %).
Во текот на минатата година биле регистрирани и 106 помошни објекти, 79 гаражи, 22 летни тераси, 17 времени објекти, 9 скалила и 6 тераси изградени без потребните одобренија.
Аналитика








