ПОВЕЌЕ

    Четворица приведени под сомнеж за местење тендер во Царина, меѓу нив и Стефан Богоев

    Време зa читање: < 1 минутa

    Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство, денеска спроведе акција во која се обезбедени четири лица осомничени за наводни злоупотреби поврзани со тендерска постапка која произлегува од Управата за царинско работење.

    Според првичните информации, меѓу приведените е и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешен потпретседател на СДСМ и екс градоначалник на Општина Карпош.

    Меѓу лицата опфатени со акцијата е и Александар Спирковски, познат како Џемо, со живеалиште во Прилеп.

    Осомничените, според информациите, се товарат за злоупотреби, финансиски малверзации и сомнежи за незаконитости поврзани со постапка за јавна набавка.

    Надлежните институции засега не соопштуваат повеќе детали, а се очекува во текот на денот Управата за финансиска полиција и Основното јавно обвинителство да излезат со дополнителни информации за предметот и за конкретните сомнежи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично