ПОВЕЌЕ

    Со љубов за секој дом: Бимилк поддржа 120 згрижувачки семејства по повод Светскиот ден на млекото  

    Време зa читање: 3 минути

    По повод Светскиот ден на млекото, Бимилк донираше млеко на 120 згрижувачки семејства во Пелагонискиот и Југозападниот регион, испраќајќи порака за грижа, поддршка и солидарност кон семејствата кои секојдневно обезбедуваат топол дом за децата на кои тоа им е најпотребно.

    Донацијата беше реализирана преку Центарот за поддршка на згрижувачки семејства Битола при ЈУ Дом за доенчиња и мали деца – Битола, во период кога се одбележува и Денот на згрижувачките семејства.

    Со оваа донација, Бимилк уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон семејството и заедницата – вредности што со години се вградени во брендот и во неговата традиција на поддршка. Како бренд присутен на семејните трпези и во секојдневието на многу генерации, Бимилк го одбележа овој ден со гест што ги поврзува квалитетот, грижата и хуманоста, препознавајќи ја важната улога на згрижувачките семејства кои секојдневно обезбедуваат љубов, сигурност и топол дом за децата.

    „За нас, млекото е многу повеќе од производ, тоа е симбол на грижа, доверба и квалитет со кој растат генерации. Бимилк со децении е дел од семејните трпези и секојдневните навики, а таа доверба нè обврзува не само да создаваме производи со постојан квалитет, туку и да ја возвратиме поддршката кон заедницата. Традицијата на донирање и помагање ја градиме со истата посветеност со која ги создаваме нашите производи, одговорно, искрено и со внимание кон оние на кои поддршката им е најпотребна. Токму затоа, по повод Светскиот ден на млекото, сакавме да бидеме блиску до згрижувачките семејства кои секојдневно подаруваат љубов, сигурност и топол дом. Веруваме дека вистинската вредност на еден бренд се мери и преку доброто што го остава во заедницата,“ изјави Полексена Јанкуловска, Маркетинг менаџер на Бимилк.

    Од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства Битола при ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца – Битола“ упатија благодарност за донацијата:

    „Центарот за поддршка на згрижувачки семејства Битола при ЈУ, Дом за доенчиња и мали деца-Битола изразува искрена благодарност за донацијата и поддршката од компанијата, Бимилк по повод 1 Јуни – Денот на млекото, а и Денот на згрижувачките семејства. Вашиот хуман гест претставува значајна помош и силна порака дека заедницата ги препознава и вреднува семејствата кои со љубов, грижа и посветеност им обезбедуваат топол дом на децата на кои тоа им е најпотребно. Со вашата поддршка покажувате вистинска општествена одговорност и придонесувате кон создавање подобри услови и посреќно детство за многу деца. Воедно, упатуваме повик и до останатите компании, организации и општествено одговорни субјекти да го следат овој пример и да се вклучат со донации и поддршка за згрижувачките семејства. Заедно можеме да направиме голема разлика и да обезбедиме повеќе љубов, сигурност и надеж за секое дете! Уште еднаш, од името на сите згрижувачки семејства во нашиот регион,  благодарност за Вашата хуманост и поддршка”.

    Бимилк и понатаму ќе продолжи да поддржува активности насочени кон семејствата и заедницата, со фокус на иницијативи што носат вистинска вредност таму каде што е најпотребна.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично