ПОВЕЌЕ

    ВО САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ИМА РАБОТА ЗА МНОГУМИНА

    Време зa читање: < 1 минутa

    Сајбер нападите, кражбата на податоци и дигиталната безбедност стануваат еден од најголемите предизвици во светот. А, Македонија веќе има сериозен недостаток од кадар во оваа област. Јордан Димитровски, претседател на МАСИТ, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ вели дека недостигот од кадар во сајбер безбедност не е само македонски, туку светски проблем. Според него, ако во Македонија во моментов има 5.000 луѓе што знаат сајбер безбедност, сите би нашле работа. Во време кога дел од ИТ професиите се менуваат поради ВИ, сајбер безбедноста станува една од најперспективните области за иднината.

    „Во овој момент, на пример, да има 5.000 луѓе што би барале работа во сајбер безбедност, би нашле ли работа?

    Би нашле, сигурно. Не мораат и кај нас да најдат, тие глобално ќе најдат. Ако имаме 5.000 луѓе, сите би нашле работа во сајбер безбедност… Вие можете да работите сајбер безбедност од Македонија, не знам за Америка или за Индија… “

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично