ПОВЕЌЕ

    Управата на Аддико застана зад Рајфајзен во трката за преземање со НЛБ

    Време зa читање: 3 минути

    Важен чекор во процесот околу преземањето се случи откако Управата на Aддико им препорача на акционерите да ја прифатат понудата на австриската банкарска групација Рајфајзен Банк Интернешенал (RBI), оценувајќи ја како поверојатна за успешна реализација од конкурентската понуда на словенечката НЛБ Група.

    Иако понудата на РБИ е финансиски пониска и изнесува 26,5 евра по акција, Управата на Aддико наведува дека нејзината реализација е значително поизвесна, меѓу другото и поради подготвеноста на големите акционери за соработка, пишуваат босанските, повикувајќи се на австриски и германски медиуми.

    Како особено важен фактор се издвојува Aлта Група која, според наводите на Aддико Банкаd, има намера да ги понуди своите акции во постапката за преземање.

    Според планот на РБИ, по евентуалното преземање би следела поделба на работењето на Aддико: РБИ би го интегрирала работењето во Хрватска и Словенија во својата постојна мрежа, со што на хрватскиот пазар би станала четврта најголема банкарска групација. Таквиот развој дополнително би ја зацврстил позицијата на РБИ во регионот, додека НЛБ би останала без можност да се врати на хрватскиот пазар.

    Aддико го истакна она што го опиша како недостиг на цврсти ветувања за поддршка од страна на главните инвеститори на НЛБ, што укажува на потенцијална нестабилност во конкурентската понуда. Дополнително, од Управата на Aддико предупредуваат дека НЛБ наводно се соочува со значајни регулаторни пречки во Хрватска, што би можело да го искомплицира успешното завршување на обидот за преземање и да влијае врз вкупната сигурност на трансакцијата.

    Двете конкурентски понуди за преземање подлежат на почетен праг на прифаќање од 75 проценти од страна на акционерите на Aддико, иако тој услов остава флексибилност понудувачите да го намалат прагот на 50 проценти доколку тоа се смета за потребно. Во моментот се планира двете понуди да останат отворени за прифаќање до 22 јули.

    Аналитичарите сметаат дека оваа поддршка од Aддико Банка ги нагласува стратешките размислувања што се земаат предвид и кои ја надминуваат самата цена на акцијата, со фокус на перципираната доверливост и сигурност во извршувањето на процесот на аквизиција.

    Операциите на Aддико Банка во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора би ги презела Aлата Група. Доколку успее преземањето на Aддико во комбинација со Рајфајзен, Давор Мацура ќе стане важен играч на банкарскиот пазар не само во Србија, туку и во поширокиот регион.

    Двете понуди – на РБИ и на НЛБ се отворени до 22 јули, но пазарот сè повеќе сигнализира дека токму РБИ во моментов има најреални изгледи за преземање на Aддико Банка групацијата.

    Aддико беше создадена како таканаречената добра банка на Хипо Алпе Адриа, по национализацијата во 2009 година, која беше осмислена со цел да се спречи колапсот на банката. Банката остана потенцијална цел за консолидација уште од периодот на иницијалната јавна понуда во 2019 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично