НЛБ банка АД Скопје, заедно со словенечкото друштво НЛБ Леасе & Го д.о.о. Љубљана, извршија докапитализација на основната главнина на компанијата „НЛБ Леасе & Го Скопје“. Во информацијата објавена на Македонска берза се посочува и тоа дека во сопственичката структура НЛБ банка има удел од 49 проценти.
Компанијата нуди финансиски лизинг и закуп за физички и правни лица, опфаќајќи широк спектар на средства – од нови и користени автомобили и товарни возила, до автобуси, пловила, земјоделска и градежна механизација, како и различна опрема и машини.
Деловниот модел на НЛБ Леасе & Го Скопје е насочен кон развој на едноставни и дигитализирани решенија, со фокус на подобрување на корисничкото искуство и обезбедување поголема заштита на клиентите, преку понуда на интегрирани лизинг услуги и придружни сервиси.
Аналитика








