ПОВЕЌЕ

    VIVAX со засилена експанзија во ЕУ и нова фаза на развој во HVAC индустријата

    Време зa читање: 5 минути

    Охрид беше домаќин на VIVAX Cool Day 2026 – традиционален настан кој VIVAX го организира за својата партнерска мрежа, а кој годинава за првпат се реализираше со дводневна агенда во Хотел Инекс Олгица. Настанот обедини над 300 партнери, дистрибутери, сервисери и професионалци од HVAC индустријата, со присуство и на гости од Хрватска, Грција и Албанија, потврдувајќи ја неговата регионална важност.

    VIVAX Cool Day се позиционира како релевантна платформа за презентација на новите технолошки решенија и стратешките насоки на брендот. Во фокусот на годинешната програма беа новите генерации системи за резиденцијална климатизација, VRF технологии, топлински пумпи и ESS решенија, со акцент на енергетската ефикасност, интелигентното управување и оптимизацијата на потрошувачката.

    Во контекст на континуираниот раст и зајакнувањето на својата позиција на европскиот пазар, VIVAX ја продолжува својата стратегија на контролирана меѓународна експанзија. Во текот на изминатата година компанијата успешно го прошири своето присуство на три нови пазари – Шпанија, Грција и Албанија – со што дополнително ја зајакна својата дистрибуциска мрежа и отвори нови можности за раст.

    Овој тренд продолжува и во 2026 година, кога VIVAX активно се подготвува за влез на уште два значајни европски пазари – Италија и Франција, со планиран почеток на оперативното работење на почетокот на 2027 година. Со овој чекор, компанијата дополнително ја зацврстува својата позиција на пазарот на Европската унија и го потврдува својот пристап на системска, долгорочна и одржлива експанзија.

     

    Настанот отвори и поширока дискусија за трансформацијата на HVAC пазарот, каде растечката побарувачка за паметни и енергетски ефикасни решенија го редефинира начинот на позиционирање на брендовите и вредноста што ја нудат.

    Во своето обраќање, Директорот за VIVAX за Македонија и Косово, г-дин Зоран Гавровски ја истакна долгорочната стратегија зад развојот на брендот:

    „VIVAX денес не е само бренд, туку систем што се гради врз доверба, континуитет и партнерство. Во изминатите години заедно со нашата партнерска мрежа успеавме да поставиме јасна позиција на пазарот, а нашата стратегија за понатамошен раст е насочена кон проширување на портфолиото, влез на нови пазари и понуда што носи реална вредност за крајните корисници. Нашата цел е VIVAX да остане синоним за квалитет, сигурност и достапна иновација во HVAC индустријата.“

    Во рамки на програмата, беа презентирани и клучните новини во портфолиото, како и насоките за пазарен развој во 2026 година, со фокус на појасна сегментација, стабилност и конкурентност.

    Менаџерот за продажба на VIVAX климатизација за македонскиот пазар, г-дин Филип Трифуновски, го нагласи новиот пристап во позиционирањето на брендот:

    „Во 2026 година VIVAX прави јасен исчекор во своето пазарно позиционирање, со фокус на стабилна ценовна политика, јасно структурирано портфолио и континуиран квалитет. Нашата цел е брендот да биде позициониран и да се одржи во ниво со врвните светски произведители, нудејќи производи и решенија што носат вистинска вредност и сигурност – и за партнерите и за крајните корисници.”

    Новото VIVAX портфолио е развиено со цел да обезбеди појасна диференцијација на производите, полесна продажба и подобро таргетирање на различни категории на клиенти, што претставува клучен сегмент во понатамошното зајакнување на пазарната позиција.

    Покрај презентацискиот дел, настанот овозможи и директно вмрежување, размена на искуства и отворање нови деловни можности меѓу партнерите, што дополнително ја зацврстува VIVAX заедницата и нејзината улога во развојот на индустријата. Настанот се затвори со спектакуларен забавен дел, во одлична атмосфера и визуелно шоу.

    Со јасна стратегија, континуиран фокус на квалитет и силна партнерска мрежа, VIVAX Cool Day 2026 ја потврди позицијата на VIVAX како релевантен и растечки бренд во HVAC индустријата повеќе од 19 години на пазарот, кој активно ги следи и креира пазарните трендови.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично