ПОВЕЌЕ

    Пентагон склучи договор со OpenAI по федералната забрана за Антропик

    Време зa читање: 2 минути

    OpenAI потпиша договор со Пентагон за користење на неговите алатки за вештачка интелигенција во класифицирани воени системи, објави извршниот директор Сем Алтман.

    Договорот беше објавен истиот ден кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп им забрани на сите федерални агенции да користат алатки од конкурентот Антропик. Според извештајот на CNN, одлуката уследила откако Антропик одбил да прифати ограничувања поврзани со употребата на неговата технологија за автономно оружје и масовно надгледување.

    Алтман соопшти дека договорот со Пентагон ги вклучува клучните безбедносни принципи на компанијата – забрана за масовно домашно надгледување и обврска човек да носи конечна одлука при употреба на сила, вклучително и кај автономните системи. Тој нагласи дека овие принципи се вградени во договорот и дека ќе бидат имплементирани технички заштитни механизми за да се осигури соодветна употреба на моделите.

    Според најавата, инженерски тимови на OpenAI ќе бидат испратени во Пентагон со цел безбедна интеграција на системите.

    По одлуката за забрана, министерот за одбрана Pete Hegseth изјави дека Антропик ќе биде означен како „ризик во синџирот на снабдување“, што значи дека воените добавувачи ќе мора да докажат дека не користат производи од компанијата во своите договори со армијата.

    Од Антропик најавија дека ќе ја оспорат одлуката по правен пат.

    (Фото: Yahoo)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично