ПОВЕЌЕ

    Јануари донесе дефлација од 0,7 %, годишна инфлација од 3,2 %, храна поскапа за 5,2 %

    Време зa читање: 2 минути

    Во јануари 2026 година е измерена годишна инфлација од 3,2 насто, додека месечно се забележува дефлација од 0,7 отсто. Истовремено, индексот на цените на мало бележи раст од 1,2 насто на годишно ниво, додека на месечно ниво има пад од 2,7 отсто. Поизразено зголемување во годишна смисла е регистрирано кај храната и безалкохолните пијалаци, кои се поскапи за 5,2 насто, а алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците бележат раст од 5,3 насто.

    Намалувањето на трошоците на животот во јануари, според податоците од Државниот завод за статистика, се должи најмногу на падот кај транспортот за 9,3 %, како и на пониските цени во групите информации и комуникации за 1,6 %, рекреација, спорт и култура за 1,5 %, облека и обувки за 1,2 % и лична нега, социјална заштита и разновидни стоки за 0,5 %.

    Од друга страна, поскапувањата се забележани кај покуќнината, опремата за домаќинствата и редовното одржување за 1,0 %, домувањето, водата, електричната енергија, гасот и другите горива за 1,0 %, ресторани и услуги за сместување за 0,7 %, како и кај услугите за образование и алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците за 0,1 %.

    Трошоците за осигурување и финансиски услуги, здравствена заштита и храна и безалкохолни пијалаци остануваат на исто ниво како во декември 2025 година.

    Гледно по категории, домувањето, водата, електричната енергија, гасот и другите горива имаат годишен раст од 3,0 %, покуќнината и одржувањето на домаќинствата 5,8 %, здравствената заштита 2,9 %, а транспортот е поевтин за 6,5 % на годишно ниво. Информациите и комуникациите растат за 2,0 %, рекреацијата, спортот и културата за 4,3 %, облеката и обувките за 1,2 %, рестораните и услугите за сместување за 4,8 %, осигурувањето и финансиските услуги за 1,7 %, додека личната нега, социјалната заштита и разновидните стоки и услуги се повисоки за 1,0 %.

    Кај производите, земјоделските производи се зголемени за 3,2 % на годишно ниво, прехранбените производи за 4,4 %, индустриско-прехранбените за 4,8 %, индустриските производи за 2,7 %, а непрехранбените индустриски производи и тутунот за 2,0 %.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично