ПОВЕЌЕ

    ЗЛАТОТО ПОВТОРНО ВО ПОХОД ПО РЕКОРДИ по остриот пад неделава

    Време зa читање: 2 минути

    Цената на златото повторно се искачи над 5.000 долари за унца
    По остриот пад, цените на златото продолжија да растат во среда, надминувајќи 5.000 долари.

    Спотот на златото се зголеми за околу 2,5% до 06:45 GMT и достигна 5.070 долари за унца.Скокот во среда, ја искачи цената на златото за околу 80% повисока во споредба со истиот период пред една година.

    На почетокот на неделава, златото падна под нивото од 4.500 долари откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го избрал поранешниот гувернер на Федералните резерви, Кевин Ворш, за свој кандидат за следниот претседател на ФЕД.

    Среброто, исто така, ги надомести некои од загубите забележани во последните месеци, со цени кои се искачија за околу 5% на 92 долари за унца во среда.

    Металот доживеа многу подраматични падови од златото по јануарскиот скок, паѓајќи за 27% во еден ден во петокот.

    Но, и покрај тоа што е далеку од јануарскиот врв од над 120 долари, среброто сè уште вреди речиси три пати повеќе отколку што беше пред една година во ова време.

    Во текот на јануари, златото скокна за 13,2%, забележувајќи го својот најдобар месечен резултат од септември 1999 година, поради глобалните геополитички ризици.

    САД инсистираат на купување на Гренланд, што резултираше со одредени тензии со Европа, додека недостатокот на значителна промена во политичките очекувања на ФЕД и поврзаните очекувања дека американскиот долар може да изгуби вредност ги зголемија цените на златото.

    Златото ја започна 2026 година на 4.313 долари за унца и се искачи на рекордно високо ниво од 5.598 долари минатата недела.

    (Фото: Alliance for Responsible Mining (ARM))

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично