ПОВЕЌЕ

    ЗНАМ: Нашата цел е секој ученик во Куманово да има современи услови за учење и развој

    Време зa читање: 2 минути

    Квалитетното образование мора да биде право, а не привилегија. Нашата цел е секој ученик и студент да има современи услови за учење и развој, а Општината ќе продолжи да вложува во подобрување на наставниот процес, спортските капацитети и инклузивноста, беше истакнато на прес-конференцијата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, посветена на образованието во Куманово.

    Од ЗНАМ нагласија образованието е најголемата инвестиција во иднината на градот и на неговите жители. Оттаму, во програмата за следниот период се предвидуваат низа активности: реконструкција и доопремување на централните и подрачните училишта, со акцент на енергетска ефикасност и пристапност за лицата со попреченост; нови и реконструирани училишни спортски сали; современи ИТ кабинети и технолошки зони;

    уредени училишни дворови со осветлување и нова урбана опрема; целосна реконструкција на повеќе основни училишта и спортски сали низ Куманово и околните населби; промоција на инклузивна средина во сите училишта.

    „Нашата визија е преку образованието да создадеме генерации подготвени за предизвиците на новото време, но истовремено свесни за своите корени, култура и вредности. Секој млад ум е искра надеж за подобро утре, а токму образованието е силата што ќе го движи Куманово напред“, порачаа од Движењето ЗНАМ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично