ПОВЕЌЕ

    УЈП: Денес од 16.30 часот недостапен за користење системот е-Даноци

    Време зa читање: < 1 минутa

    Даночните обврзници, од денес по 16.30 часот нема да можат да поднесуваат пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци. Ќе биде недосгтапен поради поради извршување на неопходните интервенции, информираат од Управата за јавни приходи.

    Во периодот додека трае интервенцијата во функција ќе бидат останатите системи на УЈП, преку кои даночните обврзници ќе можат да поднесуваат пресметки за исплата на личен доход во е-ППД, вклучително и пресметки за плата (МПИН).

    Се предвидува интервенцијата да трае неколку часови, а по завршување на активностите системот е-Даноци повторно ќе биде ставен во функција.

    „Апелираме до сите корисници на овој систем да ги завршат своите итни и неодложни обврски пред започнување на интервенцијата“, пишува во соопштението на УЈП.

    Да си немаш работа со администрација…  

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично