ПОВЕЌЕ

    СУВОМЕСНИТЕ ПРОИЗВОДИ И ДИСТРИБУЦИЈАТА – полн погодок за „Пекабеско“

    Време зa читање: 2 минути

    Сувомесните производи и дистрибуцијата му обезбедија на „Пекабеско“ добивка од 1,35 милиони евра. За безмалку пет проценти повисока од остварената лани во периодот од јануари до јуни. Движењата кај приливите и трошоците се речиси изедначени, првите се зголемени за десет, а вторите за девет насто.

    Позитивниот финансиски резултат е во износ од 83,471 илјада денари.

    Вкупните консолидирани приходи се 2.735 милиони денари (44,4 милиони евра). Во нивната структура доминантен е уделот, со 99 проценти, на приливите што доаѓаат од продажбата на готовите производи, стоки и услуги.

    Кај консолидираните трошоци направени во текот на шестмесечното работење е забележана сума од 2.663 милиони денари (43,26 милиони денари).

    Во основни средства, пак, во производствена опрема и транспортни средства, инвестирани се 8,4 милиони денари.

    Во „Пекабеско“ работата ја вршат 419 вработени, а одработеното во првата половина од годинава е во рамките на планираното. Ликвидноста на компанијата е задоволителна, нема репрограмирање на обврските. Производството на сувомесни производи е редовно, исто како и секојдневната дистрибуција и продажба на храна и цигари на домашниот и на регионалниот пазар.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично