Денес е првиот од четирите последни денови до истекот на рокот за поднесување на пријавите за ДДВ, алармираат од Управата за јавни приходи. Во тоа преостанато време оваа обврска мора да ја извршат 21.479 обврзници.
Според УЈП, таа бројка претставува нешто повеќе од половина од даночните обврзници, иако уште на почетокот од месецов информирале и апелирале за навремено поднесување на ДДВ-04 пријавите. За разлика од нив, на оваа обврска уредно одговориле 19.030 обврзници.
„Укажуваме да се прифатат досегашните повици од Управата за јавни приходи и да се избегнат последици, со оглед на тоа дека Законот пропишува глоба за непостапување, односно неподнесување на даночната пријава во законски пропишаниот рок“, предупредуваат од Управата.