ПОВЕЌЕ

    Започна SMART INVEST GROUP караван

    Време зa читање: 4 минути

    Започна Smart Invest Group караванот со првите два настани кои се одржаа на 17-ти јуни, во Винарија Чифлик во Битола и на 11-ти јули, во Касарна HUB во Охрид.

    Smart Invest Group е мрежа на компании кои на македонскиот пазар функционираат по неколку децении со успешни приказни зад себе и силна амбиција и перспектива за иднината. Нејзината уникатност произлегува од вклучувањето на искусни и реномирани македонски претприемачи од области како: градежништво, ИТ-технологија, финансии и банкарство, трговија и угостителство, медиуми, маркетинг, печатарска индустрија…

    Мрежата ја вклучуваат 8 компании од Битола и Скопје : BV Business Group, Unlimited coders, Винарија Чифлик, EPS, Pop Food, Графо пром, Коинг и Охо продукција.

    Smart Invest Group за првпат го воведуваат групното финансирање или популарно наречено “crowdfunding” во Македонија во неговиот најмодерен облик. Сметаат дека со здружување, групирање на повеќе субјекти, физички и правни лица на едно место, секој проект е полесно изводлив и можностите за развој се неограничени.

    Сегментите на делување се во 5 дејности, со огромен потенцијал за проширување :

    1. SI Construction – фокус на проекти во градежништво и недвижнини, промовирање на одржлив економски раст и инклузивна урбанизација.
    2. SI Energy – инвестиции во ветувачки и иновативни енергетски проекти, обезбедување на одржлива енергија.
    3. SI Development – фокус на технолошки развој, иновации и модернизација на индустријата.
    4. SI Consulting – платформа со најсовремен и флексибилен модел на консултантски и сметководствени услуги.
    5. SI Foundation – креирање на подобро општество, преку проекти кои допринесуваат кон збогатувањето на животот на заедницата.

    Во овој момент, во нивниот фокус е градежништвото и 7 згради во Битола и Скопје (со тенденција на зголемување на бројот) каде секој заинтересиран може да инвестира средства. Гарантираат заработка од над 9% во зависнот во кој од објектите се инвестира. Минималниот влог е 500 евра и секој може да биде инвеститор на реален, видлив проект.

    Беше претставена и платформата SMART INVEST GROUP, преку која целиот процес на инвестирање е брз, лесен и едноставен, од Вашиот телефон или компјутер. Процесот се состои од неколку чекори:

    1. Прв чекор – креирање на профил.
    2. Втор чекор – избор во кој од Х станбените објекти сакате да инвестирате.
    3. Трет чекор – внесување на износот кој сакате да го инвестирате.
    4. Четврт чекор – договор.

    Заработката од секоја инвестиција се дели на еднакви месечни рати. Секој месец на денот кога се уплатени средствата, Ви се уплатува месечен дел од заработката. Вкупниот износ кој сте го вложиле Ви се враќа на Вашата трансакциска сметка максимум 4-5 дена по датумот кога е предвидено завршувањето проектот.

    Исто така договорот може да се склучи и во пишана форма во  канцелариите на Smart Invest Group или преку некој од  агентите на групацијата. За било какви дополнителни информации и прашања можете да се обратите на телефонскиот број 070 314 – 493 или e-mail адресата [email protected].

    И во двата градови, генералнот директор на Smart Inevst Group, Симе Василевски резимираше :

    “Во нашиот систем на инвестирање, потенцираме дека инвестирате во нешто видливо, нешто кое што можете да видите како се гради и развива, што дава поголема сигурност. Самиот објект и парцелата каде што се гради се гаранција за инвестираните средства, а дополнително како гаранција во самиот договор се впишува и целокупниот движен и недвижен имот наш и на инвеститорот и изведувач” заклучи Василевски.

    Smart Invest Group караванот ќе продолжи понатаму престојниот период во поголемите градови во Македонија.

    Комерцијален текст

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично