Во сто акции на НЛБ банка познат инвеститор вложил над 64 илјади евра. Се работи за блок трансакција забележана во денешната дневна листа на македонска берза.
Пакетот е пресметан по 39.500 денари за акција. Оттаму, вкупната вредност на трансакцијата изнесува 3.950.000 денари.
Акциите на НЛБ, една од трите најголеми и најуспешни банки во земјава, се постојано меѓу најтргуваните на Берзата. Денешната просечна достигната вредност е 39.362,07 денари, а по таа цена се истргувани 532 акции и направен е промет од 20.940.620 денари (околу 340 илјади евра).
Цената, пак, според која е реализирана блок трансакцијата е и последната постигната на првиот ден од оваа работна недела.