ПОВЕЌЕ

    ПРОБЛЕМОТ СО МОТОРИТЕ ГО СМЕНИ ПЛАНОТ НА ВИЗЕР: Девет лета од Скопје се кратат, три се зајакнуваат

    Време зa читање: 2 минути

    Со зимскиот рет на летање, кој стартува од 27 октомври, стапуваат во сила промените во распоредот на летање на „Визер“. Скопје останува покусо за девет линии, а Белград за шест.

    „Визер“ продолжи со намалувањето на фреквенциите во своите бази за претстојната зимска сезона 2024/25, која почнува на 27 октомври, бидејќи флотата на семејството A320neo е подложена на инспекции поради производствените проблеми со моторотите. Тоа продонесе „Визер“ моментално да има повеќе од 40 приземјени авиони“, пишува Ex-Yu Aviation News.

    Од пет на четири се намалуваат неделните летови од Скопје до Шарлроа и Ајндховен, од пет на три за  Берлин, од четири на три за  Келн, Милано и за Хамбург, од три на два за Хан и за Болоња, а за Малта од првично планираните четиринеделни на тринеделни ротации.

    Како што беше и претходно објавено, авиокомпанијата ја прекина продажбата на билети за зимската сезона за летовите од Скопје до Бремен, до Копенхаген и до Стокхолм Скавста. Од друга страна, услугите кон Нирнберг ќе се зголемат од два на три лета неделно, за Малме од три на пет и за Лондон Лутон од три на четири неделни летови.

    Од Белград, во однос на првичниот план, оваа нискобуџетна компанија ја намалува фреквенцијата на летови до Бове, Барселона, Берлин и Ајндховен од пет на четири неделни ротации, како и до Бергамо од четири неделни ротации на три. Сепак, ќе го зголеми сервисот за Дортмунд од три на четири неделно, како и Гетеборг, Малме и Стокхолм Скавста од две на три ротации неделно.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично