ПОВЕЌЕ

    ЗА 1.525 АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА ПЛАТЕНИ НАД 413 ИЛЈАДИ ЕВРА – прв блок месецов по осумте во февруари

    Време зa читање: 2 минути

    Нова блок трансакција со акциите на Комерцијална банка. Познат купувач вложил повеќе од 413 илјади евра во 1.525 обични акции на најголемата македонска банка.

    Според податоците од Македонска берза, купувачот платил по 16.700 денари за акција. Вкупниот износ на трансакцијата е 25,467.50 илјади денари.

    Акцијата на Комерцијална банка е најпосакуваната меѓу инвеститорите и постојно е на врвот од листата како најтргувана на Берзата. Месецов ова е првата блок-трансакција, а во февруари биле извршени осум. Преку нив се продадени 3.620 акции и направен е промет од вкупно 103.748.000 денари што во противвредност означува износ од над 1,68 милиони евра.

    Во блоковите најниската цена од 12.700 денари за акција е забележана на 19 февруари. Но, тогаш била истргувата и најголемата количина од 2.000 акции. Инаку, цената се движела по линијата од 16.100 до 16.700 денари, колку што е запишана и во последниот блок реализиран вчера.

    Исто така, во текот на вчерашниот ден со оваа акција се тргувало и на официјалнот пазар, при што е забележана просечна цена од 16.706,54 денари.

    За потсетување, лани со акциите на Комерцијална банка беше направен промет од над 25,6 милиони евра преку 4.396 трансакции, а просечната цена во 2023 година била 12.509,55 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично