Пет нови акции издадени од „Реплек“ купи генералниот директор и претседател на Управниот одбор, Душан Пецовски, информираат од компанијата.
Во објавата на Македонска берза е наведено:
„Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД објавува дека
Акционер со над 5% претседателот на Управен одбор Пецовски Душан се стекна со нови 5 акции, со што поседува вкупно 3.130 или 12,08% од вкупниот број на акции“.
Првиот човек на „Реплек“ вторпат месецов инвестира во акциите на фармацевтската компанија. Пред дваесеттина дена купи три акции и во тој момент имаше сопственички удел од 12,06 проценти. Воедно, Пецовски е и најголемиот поединечен акционер во „Реплек.
Инаку, според берзанските податоци, акцијата на „Реплек“ има просечна цена од 98.500 денари.