Само една компанија ја нема намирено обврската што произлегува од солидарниот данок. Треба да уплати уште 6.266.962 денари, а е од дејноста трговија на големо со дрво, градежни материјали и санитарна опрема. Засега ги платила каматата и таксата за присилна наплата и има почнато со плаќање на главниот долг.
Од 156 обврзници опфатени со овој еднократен данок, кај осум е спроведена присилна наплата и кај нив се е веќе регулирано. Останува уште споменатата една компанија, посочи директорката на Управата за јавни проходи, Сања Лукаревска.
Од наплатата на солидарниот данок за Буџетот се обезбедуваат 3,02 милијарди денари, односно над 49 милиони евра.