ПОВЕЌЕ

    Преку Развојна банка поддржани 201 проект со 64,5 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје пласираше средства во износ од 64,5 милиони евра од заемот од Европската инвестициска банка преку ЕИБ 7 кредитната линија за трајни обртни средства и инвестиции за МСП и mid-cap компании, вклучително и зелена транзиција.

    Со овие средства се обезбедува поддршка на 201 проект. Се работи за 94 долгорочни инвестиции и 107 за обртни средства. Со тоа, се овозможува креирање на 206 нови работни места, соопшти Развојната банка.

    Средствата од кредитната линија се пласирани преку деловните банки и во најголем дел се наменети за компании во сегментот на производство и трговија.

    Кредитите кон крајните корисници се пласираат со годишна каматна стапка до 3,5 проценти.

    Рокот на отплата е до 12 години за инвестициските кредити и mid-cap проектите, и до три години за кредити за обртни средства. Со овој заем кој Развојната банка го склучи со ЕИБ на 24 јули годинава се обезбедија 100 милиони евра по поволни услови, како директна поддршка на малите и средни компании и средно пазарно капитализирани компани.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично