ПОВЕЌЕ

    ЗАЧЕСТИЈА НЕТРГОВСКИТЕ ТРАНСФЕРИ: Сменета сопственоста на 5.704 обични и 474 приоритетни акции

    Време зa читање: 2 минути

    Променета е сопственоста на 5.704 обични и 474 приоритетни акции на 15 компании и една банка, по пат на нетрговски трансфери. Честа активност последниве пет дена, при што бројката на обичните акции е за повеќе од четири пати поголема во однос на минатата работна недела. И, овој пат на врвот се акциите на „Македонски телеком“. Во два нарати подарени се, наследени или дадени за друга со закон одредена цел, 2.686. Во вторникот 2.058 и во четвртокот 628 обични акции.

    Приоритетните акции се на Стопанска банка. На два пати минале низ овој вид трансфери, прво 344 минатиот петок (17 ноември), а потоа уште 130 во средата.

    Во истите денови како и скопската Стопанска банка, предмет на трансфер биле и акциите на „Тетекс“ од Тетово: прво 100, па потоа уште 95 обични акции.

    Во два наврати пренос на сопственоста е направен и на 508 акции издадени од РЖ Услуги АД Скопје, 320, па 188 обични акции. Исто и со акциите на – „Уготур“ АД Скопје 24 плус 283 обични акции.

    Вкупно 45 обични акции на скопски „Алкалоид“ на два пати се трансферирале, во вторникот 15 и ден потоа уште 30 обични акции.

    Во вторникот, најмногу акции – 510, кои ја минале нетрговската фаза на пренос, се издадени од „Макстил“. Истиот ден тоа е направено и со 443 обични на „АрцелорМиттал“ (ХРМ) АД Скопје, 22 на РЖ „Економика“, 9 на РЖ „Техничка контрола“ и 23 акции на РЖ „Интер-Трансшпед“.

    Нови сопственици имаат и 503 обични акции на „Раде Кончар – Апаратна техника“ АД Скопје.

    Во берзанските објави покажуваат дека во текот на петте работни дена нетрговски трансфер е извршен и со акциите на „Либерти“ – 230, на МЗТ „Пумпи“ – 26, како и на струмичките „Кланица со ладилник“ – 54 обични акции и „Оранжерии Хамзали“ – 143 обични акции.

    М.А.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично