Со исплата на платите за вработените доцнат 5.428 работодавачи, 1.912 повеќе од еден месец, а дури 700 се со заостаток уште од почеткот на годинава и нивните сметки се блокирани.
Овие податоци се од анализата на Управата за јави приходи за периодот од јануари до крајот на септември, а се засноваат на реализацијата на обврските со МПИН-пресметките што треба да ги достават фирмите за уплатата на придонеси и исплатата на нето-плата.
„Кај сите се преземени соодветни мерки за присилна наплата“, посочи директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
За септември 3.730 работодавци не поделиле плата на 8.673 работници, а 5.455 фирми воопшто не поднеле пресметка до УЈП за месечните примања на 8.462 вработени. Н
Вкупно 3.945 работодавачи доцнат со исплатата на платата. Најбројни или 241 се од угостителската дејност, 218 се од товарниот патен транспорт, 161 од адвокатските дејности, 141 од одржување и поправка на моторни возила, 130 фризерски и салони за убавина.
Инаку, најмногу доцнат обврзниците од скопскиот регион – 1.552 на број. Од Скопје е и фирмата која има најголем број работници – 378, на кои им доцни платата. Се работи за компанија од дејноста чистење згради и објекти. И второрангираната е од главниот град со 148 работници од доменот на приватната заштита.