За време на промоцијата на комплексот на ултра-луксузни апартмани во Дубаи –Bugatti Residences by Binghatti – создавачот на Bugatti Rimac, Мате Римац, беше забележан со невообичаениот рачен часовник кој хрватскиот дизајнер на спортски автомобили го имаше на раката. Изборот на Римац не беше случаен, се работи за уште еден производ со култниот потпис на Бугати, новиот Bugatti Chiron Tourbillon.
Се започна со идеја замислена од Jacob & Co. заедно со Bugatti – како да се репродуцира висцералната сензација на иконичниотиот мотор со 16 цилиндри на Bugatti во часовник. Партнерството помеѓу францускиот производител на луксузни хипер-спортски автомобили Bugatti и водечкиот изработувач на софистицирани часовници од Њујорк и Женева, Jacob & Co. создаде линија на ексклузивни производи од брендот Bugatti.
По речиси цела година развој, одговорот дојде во форма на Jacob & Co. Сè е дизајнирано да го почитува Chiron во часовникот. Куќиштето е инспирирано од флуидните линии на Chiron и движењето, или „моторниот блок“, наменет да го копира моторот на Bugatti, е поставен под масивен кристал од сафир.
„Уште кога првите автомобили се натпреваруваа за најбрзи времиња, часовниците и автомобилите беа незапирливо поврзани. Љубителите на автомобили сакаат часовници, уживајќи во механичката прецизност, убавина и перформанси што ги нудат и двете. Сега, за прв пат, Bugatti Chiron Tourbillon од Jacob & Co. успева да ги долови емоциите, енергијата и моќта на автомобилски мотор со високи перформанси во часовник“, стои во каталогот на луксузната марка на часовници.
Дизајнот на куќиштето на часовникот е инспириран од течните линии на Chiron, додека движењето, или „моторниот блок“, е моделиран според иконичниот мотор на Bugatti. “Кога моторот оживува, масивниот кристал од сафир ви овозможува да гледате како се ротира коленестото вратило додека клиповите пумпаат нагоре и надолу, исто како вистински мотор со внатрешно согорување. Jacob & Co. x Bugatti Chiron Tourbillon е вистински мотор за рачниот зглоб“.