ПОВЕЌЕ

    Акционерите на Унибанка ќе делат дивиденда од 2,5 милиони евра, членовите на НО награда од 37.500 евра

    Време зa читање: 2 минути

    Унибанка на своите акционери ќе им исплати дивиденда од 2,5 милиони евра, при што бруто-износот по акција е 282,97 денари. Исплатата ќе се врши во готово, почнувајќи од петти јуни.  Одлуката треба да биде потврдена на Годишното собрание на акционерите, закажано за четврти мај.

    Предвидено е 19 мај да е последниот ден на тргување со право на дивиденда за 2022, а прв ден на тргување без право на дивиденда за истата година е 22 мај.

    Добивката што ја оствари Банката од ланското работење е во износ од 374.403.594 денари или 6,1 милион евра пред оданочување, односно 5,5 милиони евра (341.256.332 денари) по одбиениот данок на добивка. Тие средства, освен за дивиденда, според предлогот, ќе се распределат и за вложување во инвестиции – речиси 818 илјади евра (50.000.000 денари), за исплата на камата по перпетуалната обврзница 516,6 илјади евра (31.584.702 денари) и за останати резерви во износ од 1,7 милиони евра (105.171.630 денари).

    Исто така, за успешното работење се предлага и исплата на награда за членовите на Надзорниот одбор на Унибанка АД Скопје, во нето-износ од 37.500 евра. Распределбата на наградата ќе ја изврши Одборот за наградување, согласно успешноста во извршувањето на функцијата и учеството во работата на НО.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично