НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С. Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.
Доколку се стремите кон постигнување на дополнителни резултати и унапредување на процесите, Ве мотивираме да аплицирате за работното место во Службата за стратешки маркетинг, односи со клиенти и комуникации:
Советник за грижа на корисници
Сектор за развој на понуда и маркетинг
Улога во тимот:
- Координирање и управување со сите поплаки пристигнати во Банката (complaint management);
- Директно одговарање на поплаките на клиентите и координација со останатите стручни служби во Банката зависно од типот на поплаката, со цел подготовка на одговори и разрешување на поплаките;
- Подготовка на извештаи од областа на управување со поплаките;
- Следење на резултатите од сите истражувања на задоволството на клиентите на Банката;
- Дефинирање стратегија и активности за унапредување на задоволството на клиентите и нивното корисничко искуство;
- Подготовка и спроведување на анкети за мислењето / корисничкото искуство на клиентите од конкретен продукт / услуга;
- Употреба на разни алатки и спроведување на активности за унапредување на грижата за клиентите (Customer care).
Твојот профил:
- Универзитетско образование;
- Минимум две години искуство во сегментот на грижа и односи на клиенти;
- Развиени комуникациски вештини, проактивен пристап и мотивираност за ефикасно управување на барањата на клиентите;
- Способност за тимска работа и самоиницијативност;
- Способност за работа во динамична околина;
- Одлично познавање на англиски јазик и MS Office.
Твој мотив да ни се придружиш:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
- Приватно здравствено осигурување.
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии и мотивациски писма можат да ги достават на [email protected] најдоцна до 05.03.2023 година (недела).