ПОВЕЌЕ

    Цели и задачи на деловната политика на Комерцијална банка за 2022

    Време зa читање: 3 минути

    Приоритетните цели и задачи на Комерцијална банка АД Скопје се темелат на Изјавата за политиката на Банката, остварените резултати во работењето и степенот на реализација на нејзините стратешки цели.

    За 2022 година приоритетните цели и задачи се следните:

    1. Одржување на вредноста на капиталот и негово зголемување, и тоа преку политика на понатамошно издвојување на значаен дел од нето-добивката за резерви, со што би се обезбедила стапка на адекватност на капиталот која ќе соодветствува на планираните активности,
    2. Максимизирање на профитабилноста на работењето со преземање прифатливи ризици,
    3. Одржување и евентуално зголемување на учеството на Банката во банкарскиот пазар на Република С. Македонија, во услови на зголемена конкуренција,
    4. Обезбедување целосна усогласеност со законската регулатива за финансиско известување и за управување со ризиците од работењето,
    5. Дигитализација и развој на информатичката технологија во сите сегменти од работењето,
    6. Континуирано усовршување на организацијата на работење на Банката и управување со човечките ресурси на начин што ќе обезбеди повисок квалитет на услуги,
    7. Mодернизација на деловната мрежа на Банката,
    8. Во 2022 година останува обврската на Банката дека, доколку акционерите на Комерцијална банка АД Скопје обезбедат контролен пакет на акции и утврдат соодветни параметри, менаџментот на Банката ќе презема соодветни постапки, мерки и активности за евентуално привлекување потенцијален странски стратешки инвеститор кој треба да ги исполни следните услови: да претставува банка чие име е реномиран меѓународен бренд, понудата да ја одразува реалната вредност на акциите на Комерцијална банка и да достави стратешки план за идниот развој на Банката.

    Освен задачите кои произлегуваат од изјавата за политиката, Комерцијална банка АД Скопје исто така ги предвидува и следните цели и задачи:

    1. Преземање активности за минимизирање и справување со негативните ефекти од здравствената криза врз кредитното портфолио на Банката,
    2. Воведување нови или модифицирани банкарски производи и услуги согласно барањата на клиентите, развој на нови некласични банкарски функции, освојување на нови пазарни сегменти, 3. Натамошно унапредување на електронското и мобилното банкарство и промовирање на можностите кои истите ги нудат,
    3. Практикување банкарски маркетинг за креирање адекватна понуда согласно актуелните потреби на пазарот, информирање на целните групи и подобрување на перцепциите за брендот на Банката, и во согласност со Стратегијата за корпоративна општествена одговорност,
    4. Унапредување на целокупниот процес на управување со ризиците, унапредување на процесите на утврдување на интерниот капитал и интерната ликвидност на Банката,
    5. Унапредување на доброто корпоративно управување во Банката и на практиките за одржлив развој поврзани со заштита на животната средина и вклученост на заедницата и др
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично