Халк Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Управниот одбор на Банката.
Врз основа на алинеја 4 од став 1 член 166-б од Законот за хартии од вредност, согласно Решението на Гувернерот на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на г-дин Билал Суџубаши за период од 2 години, сметано од 02.02.2022 година. Промените се упишани во Централниот Регистар на Р. Северна Македонија на 11.02.2022 година. Г-дин Билал Суџубаши ќе продолжи да ја извршува функцијата Главен Извршен Директор, Претседател на Управниот одбор на Халк Банка А.Д. Скопје.