ПОВЕЌЕ

    90 претприемачи успешно го завршија првото издание на ПроКредит Бизнис Академијата

    Време зa читање: 3 минути

    Со свечена церемонија и завршен коктел, ПроКредит Банка ја заокружи првата генерација од ПроКредит Бизнис Академијата– едукативна програма создадена за унапредување на знаењата и капацитетите на локалните компании. На настанот, 90 учесниците добија сертификати за успешно завршена обука и посветеност во процесот на учење и личен развој.

    Академијата е дел од пошироката заложба на ПроКредит Банка за јакнење на домашната бизнис заедница преку нефинансиска поддршка и создавање можности за континуирана едукација и вмрежување. Преку оваа иницијатива, претприемачите добија пристап до практични знаења, експертски совети и интерактивни работилници, кои им помагаат да ги унапредат своите деловни вештини и да создадат поодржливи деловни модели.

    Програмата се состоеше од пет модули што ги опфатија најрелевантните теми за раст на современите мали бизниси – финансиски менаџмент, комуникациски и продажни вештини, дигитална трансформација и развој на претприемачки начин на размислување. Академијата беше реализирана во соработка со Alphabet Group, консултантска компанија со долгогодишно искуство во организациски развој и едукација на претприемачи низ регионот.

    „Со гордост можеме да кажеме дека ПроКредит Бизнис Академијата покажа колку знаењето и споделеното искуство можат да придонесат за посилен и поодржлив приватен сектор. Да се биде вистински партнер на бизнисите, за нас, значи да понудиме повеќе од традиционалните банкарски услуги – тоа значи активно да придонесуваме за нивниот раст и успех. Оваа програма е уште една потврда на нашата заложба да ги поддржиме претприемачите не само финансиски, туку и преку развој на нивните капацитети и мрежата на контакти. “ изјави Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка.

    Со успешното завршување на првата генерација, ПроКредит најавува дека Бизнис Академијата ќе продолжи и во 2026 година, а пријавувањето за новата генерација учесници ќе започне наскоро.

    Повеќе информации ќе бидат достапни на официјалната веб-страница и социјалните мрежи на банката.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично