Акционерите на Реплек до Македонска берза доставија дополнение на претходното известување во врска со годишното собрание на компанијата одржано на 8-ми месецов:
Во врска со првата точка од дневниот ред која се состои од разгледување на годишниот извештај за работењето на друштвото за период јануари- декември 2020 усвојување на извештајот и одобрување на работата на Управниот одбор по завршување на дискусиите без раздвојување на гласањето за усвојување на извештајот од гласањето за одобрување на работата и водењето на работењето со друштвото на членовите на Управниот одбор, собранието гласало единствено по првата точка при што 9809 гласа биле за, а 9907 гласа против. Во случајот не е одлучено одделно за одобрувањето на работата за 2020 година на секој член на Управниот одбор на што обврзува член 384 став 5 од ЗТД. Од страна на ниту еден акционер присутен на годишното собрание не е побарано отповикување на ниту еден член на Управниот одобро ниту е донесена одлука за отповикување на било кој член на Управниот одобро.
Во врска со дискусиите и гласањето по шеста точка од дневниот ред за работењето на Надзорниот одбор ан друштвото за 2020 година усвојување на извештајот и одобрување на работатат на членовите на Надзорниот одобор по образложување на извештајот од страна на претседателот на Надзорниот одобор и по кратка дискусија на двајца акционери целата точка е ставена на гласање без притоа да се одлучи најпарвин за усвојување на извештајот на Надзорниот одобор, а потоа одделно за одобрување на работата на секој член на Надзорниот одобор пооделно согласно член 384 став 5 од ЗТД, резултатот од гласањето на присутните акционери е 9809 за и 9907 против.
На самото годишно собрание ниту еден акционер не повика на отповикување на ниту еден член на Надзорниот одбор. Собранието продолжува во законски рок од 8 до 15 дена.