ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе Банка – поддржувач на настанот „Денови на австриската литература во Македонија“

    Време зa читање: 3 минути

    Здружението за регионален развој БАЛКАН ЕКОНОМИК ФОРУМ и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, на 31.3.2022 г. ја отворија манифестацијата „Денови на австриската литература во Македонија“. На настанот говореа заменик-министерот за култура Даим Лучи, амбасадорот на Република Австрија д-р Георг Вутсас, г-ѓа Нина Неданоска член на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка А.Д. Скопје,  г-ѓа Нина Мојсова Ќјосева член на Одборот на директори на Здружението Балкан Економик Форум, директорката на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје Јелисавета Костадинова и директорката на Австриската национална библиотека д-р Јоана Рахингер.  Настанот се одржа во големата сала на Националната и универзитетска библиотека на Македонија.

    Главната цел на настанот беше да се промовира австриската литература помеѓу релевантните чинители во Македонија, со цел да се доближи австриската литература до пошироката јавност во Македонија.

    За првпат во историјата на Република Македонија се воспостави формална и поблиска соработка помеѓу националните библиотеки на Македонија и на Австрија преку потпишување Меморандум за соработка помеѓу двете институции. Истовремено, Националната библиотека на Австрија донираше книги од австриски автори, со што е збогатен постојниот книжевен фонд на Националната библиотека на Македонија, а беа дел од изложбата што ќе биде отворена за јавноста до крајот на април.

    Убедени сме дека овој проект ќе има значително влијание врз подигнување на интензитетот на соработката помеѓу институциите од културата и уметноста од Австрија и од Македонија.

    Шпаркасе Банка се јавува како поддржувач на настанот преку фондацијата „Steiermärkische Verwaltungssparkasse“ од Грац, Република Австрија, и на тој начин дава свој придонес во афирмирање на австриската литература пред домашната читателска публика. Преземањето одговорност за општеството е во духот на основачката идеја на групацијата Steiermärkische Sparkasse уште од 1825 година и сите поддржани проекти кореспондираат со неа. Со години фондацијата инвестира во проекти од областа на културата и уметноста, социјалните работи, науката и истражување, финансиската писменост, младината и животната средина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично