Шпаркасе Банка Македонија ги информира дека од 04.05.2021 година (вторник), паричните исплати за паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита за месец март, ќе биде на располагање за корисниците на дебитни картички.
Останатите корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во експозитурите на Банката согласно воспоставен распоред по азбучен ред по презимето на лицето и тоа:
- На 4 мај (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- На 5 мај (среда) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со презиме на буква која не е на распоредот нема да биде опслужен, посочуваат од банката.
Средствата кои се на располагање на Вашите сметки да ги подигнувате со дебитните картички преку банкоматите на ШпаркасеГрупацијата ширум државата, на кои подигнувањето е без провизија. Клиентите кои имаат дебитни картички може да ги користат средствата со безготовинско плаќање кај трговците, без внесување на ПИН за износи до 2.000 денари со дебитните картички од брендот Mastercard и до 2.500 денари со дебитните картички од брендот VISA, препорачуваат од банката.
За сите плаќања на режиски трошоци и уплати кон трети лица користете ги услугите на апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.
За поголема заштита на Вашето здравје, од банката Ве упатуваат за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите.