Шпаркасе Банка ги известува своите драги клиенти дека пензиите за месец февруари ќе се исплатат предвреме почнувајќи од 25 февруари 2021 година во четири групи.
Со пензиите, клиентите ќе може да располагаат веднаш, доколку користат дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Ви препорачуваме да ја користите широката мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата (банкоматите на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка) кои се достапни во Република Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.
Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:
- 25 – ти февруари 2021 година, пензии со висина до 11.000 денари
- 26 – ти февруари 2021 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
- 1-ви март 2021 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
- 2-ри март 2021 година, пензии со висина над 18.001 денари.
Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!
За поголема заштита на Вашето здравје, од Банката апелираат за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.
Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Шпаркасе Банка, замолуваат да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.