ПОВЕЌЕ

    Чекор поблиску до корисниците со новата современо дизајнирана експозитура на Иуте Кредит во Скопје Ист Гејт Мол

    Време зa читање: 2 минути

    Иуте Кредит Македонија продолжи со воведување на нова, иновативна и уникатна практика во своето работење, овој пат со отварањето на новата и модерна експозитура на првиот кат, во трговскиот центар Ист Гејт Мол во Скопје. Со овој потег се потврдува стремежот на финансиското друштво Иуте Кредит да биде поблиску до своите клиенти и при тоа истите да остварат врвно корисничко задоволство.

    “Посебно задоволство ни претставува тоа што овозможуваме пристап до нашите кредитни услуги преку директен контакт со клиентите во експозитурата од отворен тип, со карактеристична уникатност и современ дизајн”, велат од Иуте Кредит Македонија. Имено “ Oд 21.03.2022 година на корисниците им се нуди можност да бидат услужени од нашите кредитни консултанти при кредитно советување и избор на тип на кредит според нивните потреби, брза и ефикасна реализација на апликација за кеш кредит за само 10 минути, исплата на парични средства на Мастер картичка, како и асистенција при симнување и користење на мобилната апликација – електронски паричник MyIute и за само неколку минути парите се достапни за располагање на клиентите. Дополнително, клиентите може да повлекуваат пари од нашиот кеш автомат кој се наоѓа во рамките на самата експозитура.”

    Со отворањето и работата на 10-та експозитура, Иуте Кредит Македонија се издвојува како единствено финансиско друштво на пазарот кое нуди ваков тип на услуга секој работен ден од понеделник до сабота и работно време од 10 часот до 22 часот во рамките на трговскиот центар Ист Гејт Мол во Скопје. За сите останати прашања посетете ја веб страната: IuteCredit Macedonia | најбрзо и најкомфорно!, директно за разговор обратете се на контакт бројот  13 333 или погледнете ја мрежата на експозитури Контакт | IuteCredit Macedonia .

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично