ПОВЕЌЕ

    Црна Гора воведе прогресивeн данок за компаниите

    Време зa читање: < 1 минутa

    Црногорската влада утврди измени на Законот за данок на добивка со кој се предлага премин од пропорционално во прогресивно оданочување, со што би се зголемиле буџетските приходи за приближно 25 милиони евра.

    „Со овие измени се предлага премин од пропорционално (даночна стапка од девет проценти без разлика на висината на оданочливата добивка) кон прогресивно оданочување на приходите на претпријатијата во зависност од висината на оданочената добивка, по стапки од 9, 12 и 15 проценти“, истакнаа од црногорската влада.

    Микро и малите компании, кои сочинуваат повеќе од 90 отсто од компаниите во Црна Гора и остваруваат добивка до 100 илјади евра, ќе имаат исто даночно оптоварување на добивката од 9 отсто, според новото законско решение.

    Инаку, пред неколку години во земјава беше актуелна одлуката за воведување на прогресивен данок на личен доход, меѓутоа подоцна владата се предомисли и ја одложи примената на ваквото оданочување на 36 месеци.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично