ПОВЕЌЕ

    Халкбанк започна со предвремена исплата на јунските пензии

    Време зa читање: < 1 минутa

    Сите ценети клиенти пензионери на Халкбанк, кои користите картичка, парите ќе Ви бидат на сметка на 28.06.2022 (вторник) и истите ќе може слободно да ги користите при пазарење со Вашите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии.

    За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

    • До 11.000 денари 28.06.2022 г. (вторник)
    • 001-14.000 денари 29.06.2022 г. (среда)
    • 001-18.000 денари 30.06.2022 г. (четврток)
    • Над 18.001 денари 01.07.2022 г. (петок)

    На шалтерите на Банката ќе бидат подготвени апликации и инструкции од вработените за добивање и користење на бесплатните дебитни картички за приматели на пензии и уникатната можност за користење на сите банкомати од било која банка во државата без провизија за подигнување на готовина.

    Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција за извршување на Вашите потреби во периодот од 08:30 до 16:30 часот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично